Роналдо го продава својот клуб

од Vladimir Zorba

Легендата Роналдо Назарио, познат и како Феноменот, ќе го продаде Крузеиро оваа недела, пренесува шпанскиот весник Sport.

Бразилецот е поранешен фудбалер на овој клуб (1993-1994) и го купи во декември 2021 година. Тој поседува 90% од акциите на Крузеиро, но ќе ги продаде во текот на неделата. За ова пред неколку дена информираше и бразилскиот медиум О Глобо. Купувачот ќе биде претприемачот Педро Лоренцо, кој развива просперитетен бизнис со хипермаркети.

Крузеиро се врати во бразилската елита на крајот на 2022 година. Оттогаш, тимот од државата Минас Жераис има многу скромни резултати, завршувајќи на 14-то место во 2023 година. Крузеиро моментално е на седмото место по четири одиграни натпревари.

Слични содржини