Џејми Оливер отвори ресторан во Белград: Еве ги цените

од Симе Стоиков

Познатиот британски готвач Џејми Оливер отвори ресторан во Белград.

„Белград, отворени сме. Големи честитки за мојот тим кој штотуку го отвори мојот прв ресторан во Србија. Локацијата е прекрасна, во срцето на „Белград на вода“, на брегот на реката Сава. Вратите сега се официјално отворени. Многу сум горд“, напиша Џејми споделувајќи фотографија од персоналот на својот Инстаграм профил.

Во скалдот со името на ресторанот „Jamie’s Italian“ во понуда се главно италијански специјалитети, а цените на пиците се движат од 850 до 1.555 динари.

Кога станува збор за тестенините, најевтини се равиоли со тартуфи, кои чинат 975 динари, а најскапа тестенина се сицилијанските лингвини со гамбори, кои чинат 1.755 динари.

Во понудата се и јадења со месо, како и традиционални италијански десерти како што се тирамису и панакота.

Порција тирамису чини 655 динари. Ресторанот се наоѓа на Херцеговачка 14.

Слични содржини