Поврзи се со нас

Македонија

Текстилни работнички обештетени со 42.000 евра за неисплатени отпремнини и К-15

Објавено

на

Триесет и две текстилни работнички добија обештетување во вкупен износ од 42.000 евра од два странски брендови, бидејќи беа избркани од конфекцијата во којашто работеа, не добија отпремнини, К-15, а една бремена жена не го оствари своето право на платено породилно отсуство, истакна на денешната прес-конференција Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“. Забележа дека ова е прв ваков случај во земјата, но и на Балканот.

„На наше огромно задоволство, денес имаме чест да ја известиме јавноста за огромна победа која е узвојувана во корист на работнички од текстилна фирма од Штип. Имено, успеавме после две години судски постапки и преговори, да објавиме дека странски модни брендови исплатија надомест (парична надокнада) на текстилни работнички од Штип во отсуство на исплата на побарувањата на работниците од страна на македонскиот „газда“ во која фирма овие брендови ги шиеја своите парчиња облека“, вели Ампева.

Посочи дека заедно со колеги и колешки од „Clean Clothes Campaign“ по две години преговори, успеале на 32 работнички да им бидат исплатени побарувања од износ од скоро 42.000 евра кои се однесуваат на К-15, три плати, испратнини поради откази од деловни причини, како и штета направена на бремена работничка која изгуби право на платено породилно отсуство.

„Ова е нешто што се случува за прв пат во Македонија, па и на Балканот, каде претежно се наоѓаат фирмите кои шијат за странските модни брендови. Ова укажува дека европските брендови се општествено одговорни за разлика од компаниите кои работат во нивниот синџир на производство но ваквите случаи можат да предизвикаат прекин на соработката со неодговорните работодавачи од државите производители. Ова е доказ дека македонските работодавачи кои работат за странски компании не се недопирливи и при вакви случаи можат да се соочат со одредени штетни последици“, рече Ампева.

Таа додаде дека продолжуваат со ваквите пракси на интернационално застапување во корист на работниците кај странските брендови се со цел почитување на човековите и работничките права на македонските текстилни работници.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 минути

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 57 минути

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена