Поврзете се со нас

Свет

Моќта на гласот на фановите: Шведска е прва земја која одби да користи ВАР технологија

Објавено

на

Foto:twitter.com/rfef

Шведската фудбалска федерација пред неколку години најави дека ќе ја прифати ВАР технологијата како реалност, но сега скандинавската земја стана прва која официјално одби да го прифати новитетот кој донесе многу поделени мислења.

Мнозинството клубови и неколку регионални асоцијации се изјасниле дека се против воведување ВАР, па затоа и федерацијата решила да го почитува овој став и нема да ја имплементира технологијата во домашните натпреварувања.

Тоа индиректно значи дека шведските клубови нема да можат да понудат ВАР технологија и кога ќе бидат домаќини во европските купови, но најавите се дека УЕФА нема да прави притисок за промена на ваквата ситуација.

Шведските клубови се со барем 51 процент сопственост на фановите, а ВАР очигледно не ужива голема популарност меѓу нив, па 18 од 32 клуба се изјасниле против воведување на технологијата на фудбалските натпревари.

Соседна Норвешка воведе ВАР во најквалитетната лига минатата година и предизвика многу негативни реакции и протести од многу навивачки групи во земјата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни