Подгответе ја од вечер: Најдобрата маринада за скара, ќе му даде на месото посебен вкус, сочност и мекост – ма, прсти да излижеш

5355

Првомајските празници најчесто ги поминуваме во природа, а тие ретко можат да поминат без скара.

Месото и зеленчукот на скара секогаш имаат посебна арома и сладост. И кога ќе додадете маринада на аромата на чад, добивате скара за „прсти да излижеш“.

Дури и најдобрите парчиња месо, добар оган и најдобрата скара се залудни ако претходно не сте го маринирале месото. Маринадата е она што ќе му даде на месото посебен вкус и мекост. Месото е најдобро ако го маринирате вечерта пред печењето на скара и вреди секоја минута од чекањето.

За класичната маринада:

Состојки:

  • 100 мл сончогледово масло
  • 100 мл маслиново масло
  • 100 мл јаболков оцет
  • 2 супени лажици сол
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица пиперка
  • 1 лажичка мелена црвена пиперка
  • 1 кромид

Подготовка:

Во сад ставете ги сите состојки и измешајте. Премачкајте го месото или зеленчукот со маринадата и оставете ги преку ноќ во фрижидер.