Велгошти

Од 05.05.2024 - 12:00 до 05.05.2024 - 14:00

По повод најголемиот христијански празник Велигден, во недела, 5 мај во 11 часот, во Велгошти ќе се одржи културен хепенинг.

Настанот е во организација на КУД „Илинден“, ансамблот „Филиграни“, под раководство на Илче Ѓорески и Кристина Ѓореска. Ќе бидат изведени традиционални ора и песни од богатата македонска фолклорна ризница, а предвидени се и интересни изведби за кои се погрижи Елена Меческа со  помош на Кате Граждани, црковниот одбор и жени од Велгошти.

Манифестацијата ќе биде збогатена со пропратни активности и забава за сите генерации.

Оганизаторите ги покануваат љубителите на изворната музика да бидат дел од оваа манифестација.

OhridNews