Болната принцеза објави необработена фотографија – поводот е посебен/ФОТО

1155

Фотографијата на британскиот принц Луис, направена од неговата мајка, принцезата од Велс, Кетрин Мидлтон, е објавена во чест на шестиот роденден на најмладиот член на кралското семејство, објавија денеска британските медиуми.

На социјалните мрежи беше споделена слика од насмеаното момче со текст: „Среќен 6-ти роденден на принцот Луис! Ви благодариме за сите убави желби“.

Фотографијата е направена во последните неколку дена во Виндзор и се верува дека не е дополнително технички обработена, а се подразбира дека Вилијам и Кејт ја објавија сликата сакајќи да им се заблагодарат на сите оние кои испратиле честитки и желби, истовремено штитејќи ја својата приватност.

Се очекува дека роденденот на принцезата Шарлот во мај ќе биде покриен покрај вообичаеното објавување фотографии во медиумите.

Изминатите неколку месеци беа исполнети со тешки случувања за кралското семејство по дијагнозата на Кејт и нејзината објава во март дека била подложи на превентивна хемотерапија.

“Среќното момче ѝ се насмевнува на својата мајка од зад камерата. Принцот Луис повторно изгледа како безгрижен палавко кој го украде центарот на вниманието на големите кралски настани во последните години. Во овој миг на бурни случувања во кралското семејство, не можете да ги обвините што сакаат да ги прават семејните работи на свој начин“, според Скај њуз.