Поврзете се со нас

Свет

Идната ѕвезда на Реал ја воодушеви Јужна Америка: Дриблингот на Ендрик го хипнотизираше играчот на Фламенго (Видео)

Објавено

на

Фото:twitter.com/Palmeiras

Палмеирас и Фламенго одиграле меч без голови во големото бразилско дерби, но во недостиг на погодоци во двете мрежи, медиумите од Јужна Америка посебно го истакнаа потегот на идната ѕвезда на Реал.

Ендрик веќе беше во Мадрид и се запозна со колегите кои ќе му бидат соиграчи од претстојново лето, а со оглед на талентот кој го поседува овој млад бразилски фудбалер, фановите имаат огромни очекувања од него.

Ендрик веќе постигна историски голови како член на најсилната бразилска репрезентација на свои 17 години, но покрај голгетерските квалитети, посебно воодушевува неговата физичка моќ и дриблерските вештини.

Напаѓачот на Палмеирас ќе игра во Бразил уште два месеци, а фановите на националната Серија А уште малку ќе можат да уживаат во мајстории како онаа пред два дена.

Ендрик го извртел противничкиот фудбал Алан на средината на теренот, по што играчот на Фламенго буквално не знаел каде е топката…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни