Поврзете се со нас

Лига Европа

Убава сцена: Ндика заедно со соиграчите го прослави пласманот на Рома во полуфиналето на ЛЕ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/ASRomaEN

Рома беше подобар од Милан и во реваншот во Лига Европа, па со вкупни 3-1 избори пласман во полуфиналето на ова натпреварување во кое ќе ги одмери силите со Баер Леверкузен.

„Волчицата“ игра како препородена откако ја презема Даниеле Де Роси, има заедништво, убава енергија и атмосфера и тоа дефинитивно носи резултати.

По вчерашната победа на „Олимпико“ видовме и една убава сцена во која Еван Ндика славеше заедно со соиграчите и стручниот штаб.

Дафанзивецот имаше здравствени проблеми, минатиот викенд ги исплаши соиграчите, јавноста откако колабираше, легна на теренот на соочувањето со Удинезе, меч кој потоа не беше доигран.

Се избегна најлошото сценарио, беше утврдено и дека немал срцев удар како што на стартот се сметаше и сега тој полека заздравува.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни