Поврзете се со нас

АТП

Циципас во два сета до трет триумф на Мастерсот во Монте Карло

Објавено

на

Foto:twitter.com/CincyTennis

Стефанос Циципас ја комплетираше одличната недела во Монте Карло со триумф во денешното финале против Каспер Руд.

Грчкиот тенисер победи на престижниот Мастерс кој се игра земјен терен, а до трофејот стигна во два сета и сто минути игра.

Циципас беше убедлив во првиот сет кој го доби со 6:1, а вториот донесе поинаков однос на силите и Руд конечно му парираше на својот противник.

Сепак, Норвежанецот не успеа да ги искористи своите шанси, односно брејк топки, па Циципас успеа да направи брејк во десеттиот гејм за 6:4 и победа на турнирот.

Циципас стигна до третиот трофеј во Монте Карло, а истите ги освои последните четири години на турнирот во кнежевството.

Гркот стана само петти играч кој освоил три или повеќе трофеи во Монте Карло, а досега тоа им успеало уште само на Рафаел Надал, Бјорн Борг, Илие Настасе и Томас Мустер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни