МЗТ Скопје пред самоанализа на своите порази, гостиварци пак дадоа повод за тоа

Кошаркарите на МЗТ Скопје со наведнати глави се вратија од Гостивар. Изгубија синоќа од гостиварци во натпревар од македонската лига. Непријатноста за аеродромци е голема бидејќи ова им е втор пораз од оваа екипа сезонава.

Гостивар потврди дека се мајстори за победи против МЗТ Скопје, ама и „штрковите“ потврдија дека нешто не е во ред со тимот кој инаку многу често губи и во АБА – лигата, а раните ги лечеше во македонската лига. Сега Гостивар им отвори нова рана особено што убедливо го добија и вториот меѓусебен дуел со 88-69.

Останува МЗТ Скопје да се самоанализира и да бара одговори како гостиварци вториот дел од натпреварот го добија со големи 48-29. Оправдувања за ова не треба да се бараат во неколку отсутни играчи. МЗТ мора да се врати на своите добри и препознатливи игри, тоа го очекуваат сите искрени љубители на македонската кошарка.

За потсетување, овој натпреват беше прв од 13-то коло од Првата лига. МЗТ Скопје останува лидер со скор 11-2, а гостиварци се искачија на второто место со учинок 9-4.

Претходна вестСредовечни жени се степале во центарот на Скопје
Следна вестПронајдени оружје и муниција во скопско