Почна кампањата за нов шеф на државата

Почна кампањата за нов шеф на државата

Билборди, постери, дебати, митинзи и тв реклами, информации, но и дезинформации – ова ќе биде македонската реалност до 8 мај, кога се очекува да завршат двојните, претседателски и парламентарни избори.

Кампањата за претседателските избори закажани за 24 април започна и ќе трае до полноќ на 22 април. ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател Гордана Силјаноска Давкова ги повикаа граѓаните на масовен митинг пред владата со почеток од 20 часот од каде кандидатот кој е фаворит на овие избори го започнува патот кон Вила Водно.  

Изборниот караван на Стево Пендаровски вечерва во 20 часот ќе има централен митинг во Прилеп. Кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, кампањата ја почнува од Крушево каде ќе ја презентира програмата под наслов „Манифест за Македонија“. Претседателскиот кандидат на Левица, пак, Билјана Ванковска, ќе ја презентира изборната програма на прес-конференција.

Кандидатот предложен од ДУИ, Бујар Османи изборната кампања ќе ја започне со прес-конференција пред претседателската вила на Водно.  На овие избори учествуват и актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ и Стевчо Јакимовски од ГРОМ.

За победа во прв круг, потребно е еден од кандидатите да ја добие довербата на 51% од вкупниот број на гласачи запишани во избирачкиот список.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста