Поврзете се со нас

Балкан

Фантастична партија на Цујо: Аврамовски со два гола и асистенција му донесе важна победа на Болуспор

Објавено

на

foto:twitter.com/Boluspor

Македонскиот интернационалец, Даниел Аврамовски имаше импресивен меч во дресот на Болуспор, тим на кого му донесе важна победа во втората турска лига.

Болуспор со пресврт во второто полувреме славеше над Алтај со 3-1, а за тоа најголема заслуга имаше популарниот Цујо кој беше инволвиран во трите гола.

Тој ги матираше гостите во 55 и 94 минута, а беше и асистент при погодокот на Уларе.

Даниел на 15 средби во втората турска лига има учинок од 7 гола и 1 асистенција.

Болуспор со 50 бода е на 7. место на табелата кое води во разигрувањето за првата лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни