Никогаш не го отпишувајте „кралот“ – Принцот Лунин и воинот Ридигер го одведоа Реал во полуфиналето (ВИДЕО)

Реал Мадрид се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите откако вечерва во трилер меч по изведување на пенали славеше над Манчестер сити со 3-4 (1-1).

Водство за „кралевите“ од 0-1 донесе Родриго кој ужива да игра против Манчестер сити бидејќи за него тој во 12. минута беше четврти гол против „граѓаните“ во ЛШ.

Manchester City 0 – [1] Real Madrid – Rodrygo 12′
byu/PSGAcademy insoccer

Откако „кралевите“ одолеваа на нападите на „граѓаните““ 76 минути, капитулираа по грешката на Антонио Ридигер која најдобро ја искористи Кевин де Бруине за израмнување на 1-1.

Manchester City [1] – 1 Real Madrid [4-4 on agg.] – Kevin de Bruyne 76′
byu/PSGAcademy insoccer

Најубавата шанса во првото продолжение ја имаше Ридигер кој биеше во 105. минута од непосредна близина, но не успеа да го матира Едерсон. Во второто продолжение мируваа мрежите, па натпреварот замина во пенал рулетот.

На пеналите прв сигурно реализираше Алварез, а потоа следеа лоши удари и на Модриќ и на Бернардо Силва, а со голот на Белингем по две серии беше 1-1. Следуваше нова успешна интевренција на Лунин кој го спречи ударот на Ковачиќ, па со голот на Васкез по три серии Реал првпат поведе 1-2. Следеа сигурни реализации на Фоден и Начо (2-3). Во петтата серија Едерсон го презеде ризикот и беше сигурен донесе израмнување 3-3. Антонио Рудигер во последната серија биеше прецизно за победа на Реал од 3-4.

Manchester City 4 vs 4 Real Madrid – Penalty Shootout
byu/PSGAcademy insoccer

Се вчитува...