Вести Свет

Одбележување на Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот

Зградата на Европскиот Парламент во Брисел од синоќа го одбележува Денот на Европа, 9-ми мај, со светлечка порака и мото. Слоганот „Уште еден месец“ блесна на десетици згради низ Европската Унија и покрај потсетување на историјата на Унијата, го брои и времето до следните европски избори.

На овој ден, Европската Унија се потсетува и на принципите на функционирање: се залага за соработка, транспарентност и демократија во и надвор од границите на нејзините членки, на стариот континент.

Во 1950 година, пред точно 74 години се поставија темелите на денешна Европа преку декларацијата на Роберт Шуман. Одбележувањето на денот на Европа и денот на победата над фашизмот се слават денес на 9 мај, датум кој е од епохално значење за целата нација.

Завршувањето на Студената војна и создавањето на Европската заедница за јаглен и челик се клучни настани за развојот на напредна и прогресивна Европа. Преминот од Економската заедница и формирањето на Европската Унија направија сојуз кој трае и денeска.

На другиот крај на Европа, во Русија со традиционалната парада се одбележа истиот ден, но со различно име, Ден на победата над фашизмот. За повторно избраниот претседател Владимир Путин и почесните гости, руската армија приреди дефиле на воените единици и оружје.

,,Денеска гледаме како тие земји се обидуваат да ја скријат вистината за Втората Светска војна. Тоа им пречи на оние кои се навикнати својата суштински колонијална политика да ја засноваат на лицемерие и лаги. Ги уриваат спомениците на вистинските борци против нацизмот и ги ставаат на пиедестал предавниците и соучесниците на нацистите, го вкрстуваат споменот на херојството и благородноста на војниците и ослободителите за големите жртви што ја дадовме во име на животот.” изјави Путин.

Тој го потсети Западот дека Советскиот сојуз ја победи тогашната нацистичка Германија. Поради тоа, според Путин, Русија денеска се труди и продолжува со обиди да го спречува светскиот неред кој владее.

Tea Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија освои прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

Дејан Дејан

Пожарникарите спасиле човек кој паднал во Драгор – можни одрони на патиштата по обилните дождови

Дејан Дејан

Израел извршил нови воздушни напади врз Кан Јунис, Нусејрат и Џабалија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе