Економија
АВСТРИЈА ДОДЕЛУВА ПОВЕЌЕ СУБВЕНЦИИ ЗА „СПАС“ НА ГРАЃАНИТЕ ОД ВИСОКАТА ИНФЛАЦИЈА
30.03.2025
Австрија воведе низа мерки во 2025 година за борба против инфлацијата. Мерките вклучуваат различни субвенции, како што се оние за струја, парно и превоз до работа, како и бонуси за поправки и посебни додатоци за децата. Според австриските медиуми може да изнесуваат и до 1.500 евра или повеќе.
Инфлацијата во Австрија останува висока и изнесува 3,3 отсто. Посебно се зголемени трошоците за енергија, услугите и цените на нафтата и горивата. Во Виена на граѓаните им се доделува бонус за струја од 100 евра.
Цената на струјата се зголеми за 35 отсто откако беше отстрането ограничувањето за зголемување на цената на струјата.
Работниците сè уште добиваат надоместоци за патување до 1.200 евра, во зависност од тоа каде живеат. Во многу провинции може да се поднесат барања за субвенции за трошоците за греење до 350 евра.
Од јули самохраните родители со максимален бруто приход од 25.725 евра годишно ќе добиваат 60 евра по дете месечно или 720 евра годишно.
Бонусот за занаетчии за 2025 година изнесува до 1.500 евра. Аплицирањето за оваа субвенција ќе биде можно од март. Дополнително, останува и бонус за поправка до 200 евра за електрични апарати и велосипеди.
Овие мерки имаат за цел да го ублажат растот на трошоците за живот и да обезбедат насочена помош за различни групи на население, пишуваат австриските медиуми, пренесува Телеграф.
фото freepic