Оштетен еден од најпознатите симболи на Париз: „Мулен руж“ остана без крилата/ВИДЕО

220

Пропелерите на познатото париско кабаре „Мулен Руж“ синоќа се откачиле и паднале, соопшти француската противпожарна служба. Нема извештаи за повредени, соопштија пожарникарите, додавајќи дека нема опасност од натамошно уривање на ветерницата.

Засега не е познато зошто пропелерите на ветерницата се откачиле.

Раководството на „Мулен Руж“ објави дека несреќа од ваков тип се случила за прв пат од создавањето на кабарето на 6 октомври 1889 година.

„Тоа се случи по затворањето, за среќа“, велат од раководството, додавајќи дека „секоја недела техничкиот персонал на кабарето го проверува механизмот на ветерницата и не е констатиран проблем“.

Единствената сериозна несреќа во „Мулен Руж“ била за време на реконструкцијата во 1915 година, кога кабарето било затворено девет години поради пожар.