Динамо го победи Милан во ЛШ, ама загуби од Осијек во првенството на Хрватска

Осијек го победи Динамо Загреб со 2-1 во возбудлив натпревар од хрватската Прва лига. Домашниот тим рано поведе преку Наил Омеровиќ, кој уште во втората минута ја затресе мрежата на гостите.


Динамо доминираше со посед и создаде неколку шанси, а израмни во 57-та минута, кога Лука Стојковиќ со удар со глава го совлада Маленица, по одлична асистенција на Марко Пјаца.

Сепак, Осијек експресно реагираше и само неколку минути подоцна повторно поведе. Марко Солдо беше највисок по центаршутот на Дантас и со прецизен удар со глава ги донесе домаќините во ново водство од 2-1, што на крајот беше и конечен резултат.

Со овој пораз, Динамо не успеа да го искористи киксот на Ријека и на Хајдук, па лидерот Ријека останува со седум бодови предност пред „модрите“ и пет пред Хајдук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести