МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ ГО УНИШТУВААТ ЧУВСТВОТО ЗА МИРИС! Експертите предупредуваат дека прекумерната употреба на технологијата нè води кон СУИЦИД

Многу луѓе поминуваат седум часа дневно пред екран и тоа може да доведе до занемарување на нашите други сетила. Загрижените експерти истакнуваат дека сетилото за мирис е исто толку важно, но поради злоупотребата на технологијата не се развива, што доведува до последици како што се самоубиствени мисли.

  • Повеќе од половина од мозокот го обработува она што го гледаме, но и сетилото за мирис е исклучително важно за нашите чувства. Сè повеќе се повлекува во втор план поради зголемената употреба на сетилата за вид и слух , рече Чарлс Спенс, професор по експериментална психологија на Универзитетот Оксфорд.

Мајк Шелер, доцент по психологија на Универзитетот во Дурам, предупредува: „Постои многу поголема стапка на самоубиства и самоубиствени идеи кај луѓето со аносмија (губење на мирис).

Ладниот екран не може да ја замени кожата на друго живо суштество

Исто како мирисот, допирот е исто така клучен за нашиот емотивен живот. Ладен, мазен екран на паметен телефон не може да ја замени топлата, мека кожа на друга личност.

Маријана Обрист, професорка на Универзитетскиот колеџ во Лондон нагласува: „Сè е мултисензорно. Начинот на кој го доживуваме секојдневниот живот влијае на сите наши сетила“. Инаку, Обрист е поранешен директор на проектот Sens X и работи на тоа технологијата да биде мултисензорна.

Киселиот вкус влијае на подготвеноста за ризично однесување

Тимот на Маријана Обрис ја тестираше употребата на мириси за време на прикажувањето на „Interstellar“ во кината за да ги подобри клучните моменти во заплетот. Тие исто така заклучија дека сетилото за мирис и вкус може да влијае на нашите животни одлуки. На пример, киселиот вкус влијае на нашата подготвеност да се вклучиме во ризично однесување.

Решението за овој проблем, пишува Bild , е релативно едноставно – можеби треба да се фокусираме на користење на нашите сетила во реалниот живот, наместо на прекумерна употреба на мобилни телефони.