„Кралот е жив, да живее кралот“ – Хоселу е новиот херој, Реал Мадрид во ново финале во ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид се вториот финалист во Лигата на шампионите откако вечерва во неверојатен натпревар на домашен терен со пресврт славеа над Баерн Минхен со 2-1. Херој за „кралевите“ беше супер-замената Хоселу кој во игра влезе во 81. минута и постигна два гола.

Првата голема шанса на натпреварот ја имаа домаќините во 13. минута. Прво Винициус Жуниор ја погоди стативата, а потоа од непосредна близина не успеа да реализира ниту Родриго кој биеше во голманот Мануел Нојер.

Гостите првата шанса ја имаа во 28. минута преку Хари Кејн, кој одлично со волеј удар биеше кон голот на домаќините, но Лунин одлично интервенираше.

Баварците успеаја да дојдат до водство од 0-1 со погодокот на Алфоно Дејвис и тоа со неверојатен погодок во 68. минута од натпреварот. Начо успеа да израмни на 1-1 во 71. минута, но поради фаул претходно во акцијата над Кимих тој беше поништен по проверка со ВАР.

Real Madrid 0 – [1] Bayern Munich [2-3 on agg.] – Alphonso Davies 68″‘
byu/PSGAcademy insoccer

Откако Мануел Нојер беше најдобар поединец за својот клуб во целиот меч, искусниот голман направи пацерска грешка по шутот на Винициус Жуниор, по која најдобро се снајде Хоселу и успеа да израмни на 1-1 во 88. минута. Само три минути подоцна истиот фудбалер постигна и нов погодок за целосен пресврт од 2-1 и ново финале во Лигата на шампионите.

Финалето е закажано за 1. јуни, а противник на „Вембли“ ќе биде Борусија Дортмунд.

Се вчитува...