Џулија Робертс ја претвори својата љубов кон Џорџ Клуни во фустан

Актерката Џулија Робертс ги воодушеви модните критичари со фустан од „Мошино“ на кој се испечатени фотографии со ликот на Џорџ Клуни. Таа со фустанот го поддржа Клуни кој го доби признанието „Џон Ф. Кенеди“ за неговиот придонес во американската култура. На уникатниот фустан има педесетина фотографии од Клуни, од филмовите и сериите во кои глумел, појавувања на црвениот тепих, но и неколку приватни фотки.

„Џулија покажа колку го сака Џорџ на најоригинален начин, ја претвори љубовта кон својот пријател во фустан“, пишуваат американските медиуми и модни стилисти.

Џулија и Џорџ се пријатели повеќе од дваесет години. До сега глумеле во неколку филмови, а последен од нив е „Билет за рајот“, кој имаше промоција на почетокот на есента.

Scroll to Top