Издаваштвата „Чудна шума“ и „ИД-Концепт“ ја промовираа поетската збирка – „Една ноќ“ од Кристина Краличин, со дружења со авторите Д.А.Лори, Живко Грозданоски, Александра Симова, Хари Дудески, Ирина Атанаскова, креативни работилници со Ана Голејшка Џикова и Ирина Атанаскова и со други разновидни активности за деца, млади и возрасни.
На Саемот на книгата се претставени и изданијата од проектот на „Чудна шума“ наменет за млади читатели „Млади европски приказни – YES“, кој под мотото „Кажи YES за добра книга“ промовира квалитетни изданија за деца и млади од реномирани и наградувани европски автори. Проектот е кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.
Денеска, од 18 до 19 часот, на „Ханемуле арт корнер“ ќе има изложба на дела изработени на ханемуле-материјали на штандот на „Чудна шума“. За утре, во 16 часот, е закажана креативната работилница за деца „Лили“ со Ирина Атанаскова, а од 17.30 часот, креативната работилница за деца „Каде е мојот дом?“ со Ана Голејшка Џикова.