Натпреварите во сурфање на ЛОИ во Париз ќе бидат на „само“ 16.000 километри од главниот град на Франција

Париз се подготвува за Летните олимписки игри на кои ќе биде домаќин ова лето и тоа од 16 јули до 11 август. Најголем дел од спортовите кои ќе бидат дел од ова натпреварување ќе бидат во Париз, друг дел во некој делови од Франција, а ако сакате да гледате сурфање на ЛОИ 2024 година, ќе мора да отпатувате 16.000 километри подалеку од Париз.

Сурфањето дебитираше на ЛОИ во Токио пред три години, а сега организаторот на Игрите во Париз реши натпреварувањето во овој спорт да не биде во некој од градовите кои искачаат на Атланскиот океан или Средоземното море. Домаќин на ова натпреварување ќе биде Француска полинезија која е на јужниот дел од Пацификот.

На ЛОИ во Париз ќе бидат застапени вкупно 32 спортови во машка и женска конкуренција, а ќе има вкупно 329 натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести