МВР: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје, фотографирање гласачки ливчиња, оставени летоци на автомобили

33
Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Тој во изјава за медиумите ги соопшти досегашните нерегуларности на денешните претседателски избори.

– На едно гласачко место во Скопје покрај испишаниот графит од страна на претседател на избирачки одбор е пријавено дека во 6.30 часот во ходникот е пронајдена испукана димна бомба. Веднаш се преземни мерки и активности и на ова место гласањето продолжи да се одвива непречено, соопшти Ангеловски.

Фотографирање на гласачки ливчиња, покажано гласачко ливче на набљудувач, оставани летоци на автомобили, испишани графити, се дел од нерегуларностите кои ги соопшти Ангеловски.