ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На власта не ѝ се оди на предвремени избори

На власта не ѝ се оди на предвремени избори

Одговарајќи му на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, кој побара предвремени парламентарни избори наесен, премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека земјава ќе оди на редовни избори во 2024 година.

Според Ковачевски, ВМРО-ДПМНЕ во општините со кои раководи докажува дека не може да ја извлече државата од економската и енергетската криза. За проширувањето на мнозинството и преговорите со Алијанса за Албанците, Ковачевски рече дека не се зборувало за поделба на ресорите, додека со Африм Гаши разговарале за владината програма.

Николовски во емисијата 360 степени на Алсат рече дека спас за државата од актуелните кризи се предвремени избори на кои ВМРО би обезбедила над 61 пратеник./Alsat.mk

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button