Утрински Весник
Македонија

Михалис Рокас официјално номиниран за нов евроамбасадор во Скопје

Eu Ambassador To Malaysia 696x601 1 E1713332726796.jpg
300x250 (7)

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел официјално го номинираше грчкиот дипломат Михалис Рокас за нов амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија.  

Рокас во моментов е амбасадор на ЕУ и шеф на Делегацијата на Унијата во Малезија, должност на која се наоѓа од декември 2020 година. Претходно, Рокас бил вршител на работите на ЕУ и шеф на Делегацијата во Нов Зеланд, а потоа и раководител на Одделот за поддршка на делегациите при Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). 

Ss1

Во рамките на редовната дипломатска ротација Борел вкупно номинираше 44 нови шефови на делегации и канцеларии и вршители на работите на ЕУ ширум светот. 

Како што соопшти ЕЕАС, процесот на назначување на номинираните амбасадори ќе биде формализиран по добивањето на официјалното одобрение (агремент) од страна на земјите домаќини. 

Меѓу другите новоименувани евроамбасадори се и Лујџи Сорека во Босна и Херцеговина, Аиво Орав во Косово, Ханс Томас Осовски во Турција, Јохан Сатлер во Црна Гора и Мирослав Лајчак во Швајцарија. 

Именувани се 11 нови заменици шефови на Делегации на ЕУ, а актуелниот главен советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Сajмон Мордjу е назначен за заменик генерален секретар за економски и глобални прашања во ЕЕАС. 

Ss1

Можете да прочитате

Битиќи: Со мултикултурализам, толеранција и повисоки плати и пензии ќе го поразиме национализмот

Мицкоски: Би сакал да одговорат опозициските партии дали ќе повикаат да излезат за Гордана Силјановска Давкова

Пронајдена е мртва 26 годишна девојка во Штип