Халер заврши со Дортмунд?

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастијан Халер веројатно го одигра своето во Борусија Дортмунд. После најновата повреда на дуелот со Борусија Менхенгладбах, напаѓачот на Брегот на Слоновата коска ќе паузира до крајот на сезоната.

Според германските медиуми, во летниот преоден рок Халер ќе биде ставен на трансфер листа, со оглед дека во актуелната сезона игра многу слабо за својот тим, и покрај тоа на репрезентацијата и го донесе трофејот во Купот на Африкански нации.

Халер дојде во Борусија Дортмунд како замена за Халанд. Тој во минатото настапуваше во Ајакс, Вест Хем, Ајнтрахт Франкфурт, Утрехт и Оксер. Пред две години му беше дијагностициран рак на тестиси, по што после повеќемесечна пауза се врати на терените.

Се вчитува...