Полувреме: Сити игра, но Реал води на „Етихад“, Баерн и Арсенал се уште на нула (Видео)

Фудбалерите на Манчестер сити доминираат на теренот во дуелот против Реал Мадрид, но гостите од Шпанија се оние кои имаат водство и се поблиску до полуфиналето. Граѓаните имаат посед на топка 61%, наспроти 39% на Реал, и упатија 14 удари кон противничкиот гол, дури девет повеќе од Кралевите, а изведоа и девет корнери, наспроти ниту еден на гостите од Мадрид.

Сепак, во фудбалот головите се тие што се бројат, а единствениот во првото полувреме го постигна Родриго во 12-тата минута.

На вториот натпревар вечерва, оној помеѓу Баерн Минхен и Арсенал, по првите 45 минути нема погодоци, па патникот ќе се решава во второто полувреме, а можеби и по продолженијата или на пенали.

- Оглас -

Најнови вести