18.8 C
Скопје
21:11 - 16 април, 2025

Хорот на о.у. „Кочо Рацин“ со нова победа: „Во срцето на Италија се слушна македонската песна“

Хорот на основното училиште „Кочо Рацин“ од Скопје го освои првото место на фестивалот Соправиста во Венеција, светски куп на фолклорот.

Олег, Софија, Мартин, Мина, Меглена, Александра и Јана под менторство на наставничката по музичко образование Наташа Митрова беа прогласени за победници во натпреварот меѓу 500 учесници од 12 земји.

„Победнички, силно, достоинствено, храбро, смело… во срцето на Италија се слушна македонската песна. Песна, која и не само италијанското срце, туку и срцето на многу земји го обои во црвено – жолти нијанси. Неверојатно е чувството да се слушне името на татковината Македонија, но победнички. Замислете, 7 мали деца ја направија татковината горда, го направија гордо и своето училиште, својот училиштен дом“, изјави Митрова.

Потстетуваме, минатата година хорот победи на натпреварот во Римини, Италија.

Слични објави

Пораснал во беда, а сега зема по 20.000 евра бакшиш: Мухарем Сербезовски имал тешко детство во Шутка!

Еспресо

Милица Тодоровиќ била фатена во кражба: „Многу ја сакав Касандра…“

Еспресо

Братот на Милан Калиќ е врвен спортист: Помлад е една година од актерот и често го гледаме на телевизија

Еспресо

Потпиша предбрачен договор: 35 години помладиот сопруг на Верица Ракочевиќ стави крај на гласините дека е со неа само поради пари

Еспресо

Дивеел по улиците: Ѓорѓе Давид направил тежок сообраќаен прекршок, еве каква казна го чека

Еспресо

Два месеци по нивната смрт: Џин Хекман и неговата сопруга конечно погребани

Еспресо