Вести Економија Свет

ФОТО/ВИДЕО: Лажните монети од 2 евра се без детали на работ и се лепат со магнет

Шпанската полиција минатата недела откри кинеска група која произвле околу милион евра во лажни монети од по две евра.

Кинеската група имала посебни машини за правење фалсификувани монети кои шпанската полиција ги откри во градот Толедо. Таму се најдени над 400 илјади фалсификувани монети од по 2 евра.

Полицијата која во соработка со Европол ја реализираше акцијата „Двојна ѕвезда“ уапси 10 кинески државјани и објави дека најмалку 100 илјади монети досега се употребени и се во оптек.

Шпанската полиција преку видео и фотографии објави информации како да бидат препознаени лажните евра. Тие немаат доволно детали и нарези на работ на монетите како вистинските евра, а како најлесен начин за проверка е употреба на магнет. Вистинските монети се демагнетизирани и не може да се фатат и залепат на магнет, додека лажните раегираат на привлекувањето на магнетот.

Монетите биле уфрлани преку кинески работници и студенти во Шпанија кои разменувале банкноти за монети евра, а најчесто се употребуваат за плаќање патарини, за купување во трафики и на  туристички штандови, како и на отворени пазари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спектаклот „ Валкира“ од Вагнер за прв пат пред македонската публика на 52 „ Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Најмалку пет загинати и седум повредени – израелски тенкисти по грешка гаѓале израелски падобранци

Дејан Дејан

Стабилна состојба, но сериозна – словачкиот премиер Фицо е на интензивна нега по обидот за атентат и петчасовната операција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе