ЕУ одбележува 20 години од најголемиот круг на проширување

од Vladimir Zorba

Денеска, покрај Меѓународниот ден на трудот, Европската унија одбележува и 20 години од најголемиот круг на проширување, кога во овој блок се приклучија 10 земји.

Граѓаните на Кипар, Чешка, Естонија, Унгарија, Литванија, Латвија, Малта, Полска, Словачка и Словенија станаа државјани на ЕУ на 1 мај 2004 година.

По тој повод, синоќа во Брисел зградата на Европската комисија беше осветлена со натписот „20 заедно“, а претходно пред седиштето на комисијата беа подигнати знамињата на сите 10 земји кои ѝ се приклучија на Унијата во 2004 година.

Слични содржини