По киксот против Евертон, драстично порасна квотата дека Ливерпул ќе биде шампион (Фото)

Ливерпул почнува да заостанува во трката за титулата во англиската Премиер лига, има серија лоши резултати кои кулминираа синоќа со поразот од градскиот ривал Евертон, па затоа и квотата дека Црвените ќе ја освојат титулата, драстично порасна.

Сега квотата во Sport Life дека Ливерпул ќе биде првак е дури 25.

На четири кола до крајот, тимот на Јирген Клоп е втор, со три бода помалку од лидерот Арсенал, а Арсенал има и многу подобра гол-разлика, што им дава предност ако двата тима завршат со еднаков број бодови.

Ливерпул и понатаму е пред Манчестер сити на табелата, има еден бод повеќе од Граѓаните, но Сити има два меча помалку, од кои едниот го игра вечер на гости против Брајтон.

Актуелниот првак Манчестер сити е фаворит на хартија, квотата дека ќе ја освојат титулата е 1.55. Оваа квота може малку да падне ако Сити вечер победи, но ако киксираат, тогаш ќе стане многу интересно и Арсенал пак ќе има прилика сам да си ја крои својата судбина.

- Оглас -

Најнови вести