Во ЖИВО на телевизија М Нет: Слога Виница – Вардарски, недела 15 часот

13-тото коло во Трета лига – Исток ни го носи и големото дерби во Виница меѓу ланскиот второлигаш Слога и лидерот Вардарски, дерби за трите бодови кои се од голема важност, дерби за првото место и баражот за Втора лига.

Слога ќе го предизвикува лидерот Вардарски кој во Виница доаѓа со 10 бодови предност, но Слога има меч помалку. По влезот на турските инвеститори во Слога, екипата е засилена, но поради лошата есенска полусезона и големата бодовна негатива притисокот ќе биде на страната на Слога.

Вардарски игра во одлична форма и тоа го потврдува на овие пролетни натпрвари, како и по одличната есенска полусезона. Лидерот од Богданци е во победнички ритам на патот за конечно враќање во Втора лига.

Следните три кола ќе бидат клучни бидејќи Слога ќе гостува кај Овче Поле во Свети Николе, во рамки на 14. коло, а пак во рамки на 16. коло Вардарски ќе гостува кај Овче Поле во Свети Николе и практични овие натпревари и ќе го решат новиот шампион во Трета лига – Исток.

Првото соочување од 4. коло меѓу овие две екипи заврши со триумф за Вардарски од 2:1 над Слога.

Гледајте ја директната дерби пресметка меѓу Слога Виница и Вардарски на телевизија М Нет, во недела од 15 часот.

Александар Ванев, М-Нет