Варадиновски: Имавме желба и иницијатива, но не го пробивме бедемот на Саса

Детонит Плачковица и Саса денес во Радовиш ремизираа играјќи 1:1, со што Саса носи златен бод дома во борбата за опстанок.

Во изјава за телевизија М Нет, тренерот на радовишани, Иван Варадиновски, вели дека имале иницијатива и желба, но не успеале да го пробијат бедемот на Саса.

“Немам никаква замерка кон играчите, имавме иницијатива и желба во текот на целиот натпревар, но не успеавме да го пробиеме бедемот на гостинската екипа која беше добро организирана дефанзивно и успеа да остане непоразена, им честитам на освоениот бод и се надевам дека ќе ја остварат својата цел. Што се однесува до нас, ние сме многу блиску до отварување на нашата цел односно баражот”, вели Варадиновски за М Нет.

Како што кажа и самиот Варадиновски за М Нет, Детонит Плачковица во следното коло треба само бод да освои и математички да го обезбеди третото место односно баражот за Прва лига.

Александар Ванев, М-Нет