Косовец ја застрелал својата сопруга и нероденото бебе

Пред гинеколошка клиника во Косово убиена бремена жена на 35-годишна возраст. Како што јавуваат косовските медиуми жената е убиена од нејзиниот сопруг и таа наредните денови требала да се породи.

Жената, која била во 41-та недела од бременоста, била застрелана од сопругот, 31-годишниот Сокол Халили, со три куршуми од пиштол, при што не преживеало ниту бебето што го носела, пренесува дописникот на МИА од Косово. Жртвата, идентификувана со иницијалите Х. М. е по потекло од селото Лугаџи во општината Витина, југоисточно Косово, а била во процес на развод.

Инаку, таа и претходно имала проблеми со својот сопруг кој бил насилен, а надлежниот суд во Урошевац издал налог за нејзина заштита.

Убиецот е во бегство и по него е распишана потерница.

Претходна вестМаск ќе ги лечи луѓето, прави чипови за во мозок
Следна вестУставните судии одлучија: Недела останува неработен ден, неосновани се наводите на Стопанска комора