Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Календар на МПЦ: Свети Василиј Исповедник

Охрид, 25. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денеска го прославуваат денот на Свети Василиј Исповедник.

Овој добродетелен маж во времето на иконоборството беше епископ во градот Парија во мала Азија.

Одби да го потпише царското писмо против иконопочитувањето. За ова беше многу прогонуван и мачен. Но тој остана тврд во Православието.

Се упокои и се пресели кај Господ во првата половина на 8 век. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука