Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, проговори за потенцијална замена за Луис Хамилтон, кој од следната сезона ќе вози за Ферари. Волф истакнува дека многу ќе зависи од односот на актуелниот светски шампион Макс Верстапен со тимот на Ред Бул.

  • Прво, да видиме што сака Макс и дали ќе остане во Ред Бул. Тој секако е прв на листата на желби, изјави Волф.

Доколку Макс Верстапен остане во австрискиот тим, Волф разгледува неколку опции.

  • Тука е и младиот Андреа Кими Антонели, кој има огромен потенцијал, но не заборавајте дека има само 17 години. Размислуваме и за Фернандо Алонсо и Карлос Саинц кои ќе бидат слободни возачи. Тоа се четири опции за сега. Ќе видиме што ќе се реализира, додаде Волф.

Инаку, Хамилтон по 11 години реши да го напушти Мерцедес, со кој освои шест титули, и да му се приклучи на Ферари, тим кој во последните две години бележи далеку подобри резултати од германската екипа. Токму затоа, Хамилтон, кој неуморно ја брка рекордната осма титула во Формула, ќе има далеку подобри шанси да добори уште еден рекорд во најбрзиот циркус и со тоа да стане бесмртен во неколку статистички категории. Засега, Британецот има исто шампионски титули како и легендарниот Михаел Шумахер, но затоа, е рекордер по бројот на победи, подиуми ипол-позиции.