Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис го убедил Конте да го преземе Наполи

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Аурелио Де Лаурентис одамна се обидуваше да го ангажира Антонио Конте во Наполи, а тоа му успеало по неколку неуспешни преговори и тренерск смени кои беа направени изминатиот период.

Веќе поранешниот италијански првак немаше среќа со тренерите по заминувањето на Лучијано Спалети, а токму Конте се наметнал како прв фаворит кај првиот човек, кој досега не успеваше да го убеди поранешниот предводник на Јувентус и Интер.

Телевизијата „РАИ“ синоќа излезе со ексклузива дека Конте сега ја прифатил понудата на Наполи, но клубот морал значително да ја подобри финансиската понуда, која беше и еден од проблемите поради кои стручњакот не сакаше да започне соработка со Де Лаурентис.

Според информацијата, Конте прифатил тригодишен договор со Наполи и ќе заработува по 6,5 милиони евра по сезона, па сега останува уште двете страни да го дефинираат и потпишат договорот.

Конте долго време бараше соодветна опција, а последно беше тренер во Тотенхем во сезоната 2022/23.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни