Парехо за Винисиус: Мене ме нарекуваат пијаница, па не се карам со публиката

Фудбалерот на Вилјареал, а дете на Реал Мадрид, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не може да се контролира кога го навредуваат на расна основа.

Искусниот Парехо смета дека Винисиус мора да престане да се кара.

„Вини е спектакуларен играч, има неверојатни можности и мислам дека треба да се посвети само на играта. Кога играте за Реал, атмосферата е посебна, луѓето секогаш ќе пробуваат да ве испровоцираат на некој начин. Мене со години ме нарекуваа пијаница, но не се расправав со луѓето, ниту гестикулирав кон нив. Тоа е непотребно. Винисиус греши што се расправа, фудбалерот мора да биде над ситуацијата“, смета Парехо.

- Оглас -

Најнови вести