КРИВОПАЛАНЧАНИ ЗНААТ ДЕКА НИКОЈ ДОСЕГА КАКО НЕГО СЕ НЕМА ТОЛКУ ЗАЛОЖЕНО За да помогне со проект плус, инвестиција плус за овој град

Ако сега го изгубиме Љупчо, следен нема да има

Ако го скенираме набрзина целото постоење на Љупчо Николовски на нашата политичка сцена, никој не може да оспори неколку непобитни факти:

  • Неговите соработници и колеги ќе ви кажат дека е невиден “воркохолик”, човек исткаен од принципи, интегритет и надреално чувство на одговорност;
  • Неговите сопартијци ќе ви кажат дека дисциплината, фокусот, стратешкиот пристап и темелноста насочени кон секоја задача што ја извршувал се незапаметени и неповторливи и што е најбитно – давале резултати!
  • Меѓународните соработници го препознаа како исклучително сериозен и иновативен работник и партнер со кој можат да разменуваат добри практики;
  • Граѓаните се свесни дека својата транспарентност и транспарентноста на институциите кои ги водел биле пример за цела држава;
  • Земјоделците знаат дека ресорот земјоделство никогаш не бил подостоинствен, постабилен, (Македонија е единствена држава во регионот каде нема земјоделски протести) со нови мерки, проекти и поддршка на млади земјоделци, жени земјоделки и сосема нов пристап за нивните проблеми;
  • Целиот источен крај знае дека никогаш повеќе развојни проекти не биле започнати и реализирани на Истокот, кој до пред неколку години беше заборавена зона од сите предходни политичари;
  • Кривопаланчани знаат дека никогаш, ниту еден политичар досега, толку не се заложил и не вградил дел од себе во секоја можност која може да ја улови и донесе во својот роден крај, проект плус, инвестиција плус;
  • Другарите, пријателите, соседите и сограѓаните знаат дека е срдечен при секоја средба и дека никогаш, ниту еден политичар не бил толку меѓу народот, ама не за да се слика, туку за да слушне што ги мачи и да се обиде да помогне;
  • Добар дел од оние што не го познавале лично и имале предрасуди, денес му се пријатели за цел живот затоа што Љупчо е човек кој отстапува од дефиницијата за типичен македонски функционер, човек кој 24/7 бил достапен за секого и помагал несебично на стотици од нив;
  • Човек кој без трошка пресметливост, во текот на целата политичка кариера, сите дневници за патувања ги донираше на најранливите категории, СОС Детско село и на многу други места каде што беше потребно;

Никогаш, ниту еден политичар досега, не бил толку неселективен и трпелив, кој помогнал секому кому можел без оглед на партиска или каква било друга припадност. Љупчо сиве овие години им пружи рака и им помагаше на луѓето, без оглед на која политичка партија припаѓале. Затоа што за него сите се луѓе и затоа што и самиот е човек.

Тој на таа лекција сакаше да не’ научи, макар и на своја штета. Дека мора да надвладее нова политичка култура и дека кога се помага мора да преовладува натпартиското. Тој како политичар покажа дека има визија да се издигне над микроситуациите и секогаш на ум да ја има големата слика.

Дека секое дете е дете, дека секој проблем е проблем, дека здравјето на секој човек има иста цена, дека потеклото не не’ прави посупериорни, дека кога им помагаш на немоќните и слабите и ти самиот растеш пред се’ како човек, а после како политичар.

Љупчо за своите Кривопаланчани беше натпартиски лик, нетривијален во своето делување особено по хуманизмот, солидарноста и емоционалната интелигенција која не е својствена за повеќето функционери.

Пред да го дадете вашиот глас, добро размислете дали на хоризонтот во следните децении  воопшто се наѕира ваков спој на карактеристики собрани во една едноставна и секојдневна личност. Љупчо не може и не смее на свој грб да го понесе товарот на неодговорното однесување на поединци.

Ако сега го изгубиме Љупчо, следен нема да има.

Ценете го вашиот глас, не дозволувајте да бидете човек без став, не дозволувајте други да манипулираат и управуваат со вашиот глас.

Фејсбук статус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e