1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОВА СЕ ЈАСНИ СИГАЛИ ДЕКА ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА НЕ РАБОТИ КАКО ШТО ТРЕБА:...

ОВА СЕ ЈАСНИ СИГАЛИ ДЕКА ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА НЕ РАБОТИ КАКО ШТО ТРЕБА: Доколку ги забележите овие промени, задолжително посетете лекар!

Тироидната жлезда произведува тироидни хормони кои се клучни за добра метаболичка функција и мозочна активност, па нејзината неурамнотежена функција може да предизвика бројни здравствени проблеми.

Тироидната жлезда е ендокрина жлезда во форма на пеперутка која се наоѓа во предниот дел на вратот, под Адамовото јаболко, по должината на предниот дел на душникот. Трите најчести болести поврзани со тироидната жлезда се хипотироидизам, хипертироидизам и тироидни јазли. Секој проблем влијае на органите во нашето тело на различни начини, но тие имаат заеднички симптоми кои можат да не алармираат дека нешто не е во ред. Многумина ги игнорираат овие знаци кои телото ни ги испраќа или ги мешаат со некоја друга болест. Сепак, експертите предупредуваат дека доколку забележите некој од овие 10 симптоми, обратете се кај вашиот избран лекар и проверете ја состојбата на тироидната жлезда.

  1. Нагли промени во тежината, проверете ја тироидната жлезда

Необјаснета промена во телесната тежина е еден од најчестите знаци на нарушување на тироидната жлезда. Зголемувањето на телесната тежина може да се должи на недостаток на тироидни хормони во периферните ткива, а таквата состојба се нарекува хипотироидизам. Спротивно на тоа, ако се произведе повеќе тироиден хормон отколку што му е потребно на телото, може да дојде до неочекувано губење на тежината. Оваа состојба е позната како хипертироидизам, која се јавува почесто.

  1. Чувство на исцрпеност

Чувството на замор и недостаток на енергија се проблеми поврзани со многу состојби, но тие се во корелација и со хипотироидизам, односно нарушување што произлегува од намаленото лачење на тироидните хормони.

  1. Тажни сте

Ако се чувствувате тажни или депресивни без вистинска причина, можеби треба да ја проверите тироидната жлезда. Се смета дека недостатокот на тироидни хормони може да влијае на нивото на серотонин во мозокот.

  1. Нервоза и анксиозност

Ако се чувствувате нервозни и вознемирени без посебна причина, можеби тироидната жлезда е преактивна и поради тоа понекогаш може да се појават напади на паника. Додека од друга страна, поради ослабената функција на тироидната жлезда, може да се појави чувство на ментална „магла“, депресија, заборавеност и проблеми со концентрацијата.

  1. Немате желба за интимни врски

Ова може да биде уште еден знак за проблем со тироидната жлезда. Поради поврзаноста на функцијата на тироидната жлезда и надбубрежните жлезди, органи кои, меѓу другото, ги контролираат половите хормони преку регулаторите на хипоталамусот и хипофизата, ниското ниво на тироидните хормони може да влијае на намаленото ниво на полови хормони.

  1. Промени во пулсот

Тироидните хормони влијаат на функцијата на речиси секој орган во телото. Меѓу другото, тие влијаат на тоа колку брзо чука срцето. Луѓето со хипотироидизам може да забележат дека нивниот пулс е побавен од вообичаеното, додека хипертироидизмот може да предизвика срцето да чука побрзо. Хипертироидизмот исто така може да предизвика зголемен крвен притисок и палпитации.

  1. Кожата е сува

Сувата кожа и чешањето исто така може да бидат симптом на хипотироидизам. Промените во структурата и изгледот на кожата настануваат поради намалената циркулација предизвикана од ослабената функција на тироидната жлезда. Намалената циркулација може да предизвика клетките на кожата да добијат само една четвртина или една петтина од нивното нормално снабдување со крв, што ги прави посклони кон пукање и го прави лицето поподложно на брчки. Исто така, метаболизмот забавен од хипотироидизам може да го намали количеството на потење. Без влагата што ја обезбедува потењето, кожата брзо станува сува и ронлива. Ако кожата е само сува, можеби страдате и од егзема, но ако тоа е придружено со кршливи нокти, опаѓање на косата и бавно зараснување на раните, време е да посетите лекар.

  1. Проблеми со запек

Луѓето со хипотироидизам понекогаш се жалат на запек. Нарушувањето во лачењето на хормоните веројатно предизвикало забавување на процесот на варење. Од друга страна, хиперактивната тироидна жлезда може да предизвика дијареа или чести празнења на дебелото црево, што всушност се симптоми на хипертироидизам.

  1. Ненадејна болка во различни делови од телото

Појавата на ненадејна болка во мускулите, зглобовите и тетивите може да укаже на нарушување во лачењето на тироидните хормони од страна на тироидната жлезда.

  1. Се чувствувате ладно

Ако ја носите најдебелата зимска јакна дури и на плус 15 степени, тоа може да укажува на хипотироидизам. Пациентите со оваа состојба се борат да ја регулираат својата телесна температура, бидејќи таа всушност е контролирана од тироидната жлезда. Помалку енергија, чие опаѓање е предизвикано од побавен метаболизам, значи помала телесна топлина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП