„Tesla“ гаси 400 работни места во Германија

Американскиот производител на електрични автомобили „Tesla“ во вторникот објави дека ќе укине 400 работни места во фабриката во близина на Берлин, TEистакнувајќи ја слабата продажба во услови на жестока ценовна војна меѓу производителите.

На почетокот на минатата седмица „Tesla“ објави дека поради слабата побарувачка и жестоката конкуренција во цените, ќе отпушти повеќе од 10 проценти од својата работна сила ширум светот, што би значело отпуштања за околу 14.000 вработени. Од компанијата не ја прецизираа точната бројка, а според годишниот извештај за 2023 година, во декември вработувале 140.473 работници.

Во четвртокот, компанијата објави дека нема да ги продолжи договорите на 300 работници вработени „на определено време“ во фабриката во Груенхајде. Портпаролката на „Tesla“ во таа прилика нагласи дека „работниците на Tesla не ги добиле отказите“. Фабриката во Груенхајм моментално вработува 12.000 работници.

Во вторникот „Tesla“ дека ќе отпушти 400 работници во својата единствена фабрика во Европа.

„Сегашното слабеење на пазарот на електрични автомобили претставува предизвик и за Tesla“, наведуваат во соопштението меѓу причините за кратењето на работните места.

Најавуваат програма за „доброволно заминување“ за да се избегнат отпуштања. Управата за неговото спроведување ќе разговара со работничкиот совет, додаваат оттаму, не наведувајќи детали. Договорните партнери веќе ги вработиле повеќето отпуштени работници „на одредено време“, тврдат тие.

На почетокот на април „Tesla“ прелиминарно објави дека испорачала приближно 387.000 возила во првиот годинешен квартал, приближно осум отсто помалку отколку во првите три месеца од минатата 2023 година, издвојувајќи ги, меѓу другото, кризата во Црвеното Море и подметнувањето пожар во погоното во близина на Берлин.

Компанијата ги намали цените неколкупати минатата година за да ја одржи побарувачката, што се одрази со скок на продажбата од 40 отсто и продадени 1,8 милиони автомобили. Приходите на крајот на минатата година остро забавија, на само три отсто, а менаџментот предупреди дека очекува многу послаб раст во 2024 година.