Ковачевски конечно на митинг на Пендаровски – најавува дека ќе работел ден и ноќ

На митингот на Стево Пендаровски конечно, прв пат од почетокот на кампањата се појави и лидерот на партијата која го номинираше. Димитар Ковачевски рече дека Пендаровски можел сам да ја тера кампањата и не му требал некој да го придружува.

„Ги слушам мегафоните на ВМРО ДПМНЕ прашуваат зошто ме немало на митнизите на Стево. Не можеле да разберат дека Стево е граѓански кандидат, поддржан од граѓани, партии, здруженија. Стево не е претседател под контра на партија ниту нечија продолжена рака како што е Силјановска. Стево е кандидат на граѓаните! Но тоа е нивни проблем. Ние имаме план, имаме визија и не се откажуваме од европска иднина“, изјави претседателот на СДСМ на митинг на претседателот Стево Пендаровски во општина Аеродром.

Тој додаде дека победата ќе почне уште на 24-ти април на првиот круг од претседателските избори.

„Стево е политичар со прогресивни идеи. Без ниту една грешка во првиот мандат и без ниту една црна дамка! Стево силно верува во европската иднина! Ние имаме јасен план и визија како ќе се развива државата во идните години. Победата почнува со нашиот претседател, Стево Пендаровски“, потенцираше Ковачевски

Тој додаде дека за точно еден месец од денеска, на 8-ми мај, СДСМ ќе прогласи нова голема победа за СДСМ и Коалицијата за европска Македонија.

„СДСМ ќе ја формира новата проевропска влада, а Стево Пендаровски повторно ќе биде Претседател! Сите заедно, сплотени и решителни ќе продолжиме цврсто да газиме на патот кон Европската Унија. Европска Македонија ќе биде реалност! Нема откажување од иднината! Да сте живи и здрави! Да живее СДСМ! Да живее европска Македонија“, заклучи Ковачевски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста