Играше за Јувентус и Италија а потоа направи трансфер и сите го заборавија, за сега да блесне со спектакуларен гол (Видео)

Торонто убедливо со 3:0 го победи Далас во меч од МЛС шампионатот, а главен играч на теренот беше Федерико Бернардески. Некогашниот италијански репрезентативец постигна два гола, а посебно убав беше тој за водство на неговиот тим од 2:0.

Бернардески веќе две години игра во МЛС лига, откако направи изненадувачки трансфер заминувајќи си од Јувентус. Некогашниот играч на Фиорентина и Јувентус имаше 28 години кога реши да ја напушти не само Италија, туку и Европа и да заигра во Торонто.

Со овој негов трансфер, тој самиот си ја затвори вратата во репрезентацијата бидејќи сега игра многу далеку и тешко е да се појавува на секој репрезентативен повик.

- Оглас -

Најнови вести