🎥„ИСПРАТИВМЕ ЈАСНА ПОРАКА“ соопшти Израел по нападот врз Иран

од Vladimir Zorba

Израелски функционер изјави за Вашингтон пост дека нападот со беспилотно летало на иранска воена локација рано утринава имал цел да испрати порака до Техеран дека Тел Авив може да нападне внатре во Иран!

Мета на израелските беспилотни летала наводно била воената база во Исфахан во централниот дел на Иран, од која пред неколку дена беше извршен масовен напад врз Израел.

На социјалните мрежи се појави ново видео од нападот.

Ирански информативен канал со седиште во Лондон објави видео на кое наводно се гледа напад на израелско беспилотно летало врз воена база во близина на Исфахан. Видеото покажува експлозии проследени со сирени за воздушен напад.

Засега не е можно да се потврди автентичноста на снимката.

Иранската војска објави дека биле соборени неколку беспилотни летала и тврди дека нема штета на воената база.

Слични содржини