Два силни земјотреси ја погодија Грција

Земјотреси со јачина од 5,7 и 5,2 степени според Рихтеровата скала утрово ја погодија јужна Грција во Јонското Море, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC).

ЕМСЦ соопшти дека епицентарот на земјотресот со јачина од 5,7 степени бил на длабочина од 17 километри, 122 километри југозападно од градот Патра, во северниот дел на Пелопонез.

Епицентарот на земјотресот со јачина од 5,2 степени бил на длабочина од 16 километри, на 124 километри југозападно од Патра.