(фото и видео) Велешките анабелки и нивниот танчар со 38 награди на натпреварот во Сараево
Во конкуренција на 5000 учесници од осум еврипски земји, велешките анабелки и нивното единствено момче танчер, на Меѓународниот натпревар „Интер Денс Фест“ во Сараево, успеаа да осојат вкупно 38 награди. Поточно, 18 први места, 5 втори, едно трето, 2 четври места, 5 шести места, 4 седми места, едно 11 место и 2 дванаести места од кои во последните коишто добиле 12 место биле во конкуренција со од 23 до 26 кореографии и со добиените награди биле на средина, додека една од девојките од 23 кореографии влегла и во финале, во првите седум танчерки. Овие награди се особена гордост како за балтесткото студио „Анабела“, за родители и децата, така и за сите велешани.
Цеца Пајдакова, кореографка во студио „Анабела“, вели дека конкуреција имале сите 38 кореографии со коишто се претставиле и танчерките се натпреварувале со европски и светски прваци.
-Се претставивме со солисти, дуа, групи и формации од најмала возраст или baby категорија, Миникид, Children и Јуниори. помалите изненадија со своите први места но навистина блескаа на сцена сите. Натпреварот траеше 4 дена се играше во 2 сали, а ние настапувавме во сабота и во недела и бевме во салите цел ден од 8:30 наутро до 23:30 навечер. Во саботата една кореографија се играше во 23 часот и затоа слободно можам да кажам дека девојките од Анабела се вистински храбри, исполнителни и професионални во се што работат бидејќи таа издржливост ретко кој ја има да настапува во текот на 14 саати дневно. Секој наш претставник се натпреваруваше со по 3 кореографии, како солист и во групи, објаснува Пајдакова.
Според нив, најголема атракција на натпреварот бил Баже којшто е единствениот машки танчар во „Анабела“ и кој со својата кореографија Супермен, комбинација на модерен и стрит денс, го понел првото место.
Пајдакова ги повикува сите момчиња кои сакаат да танцуваат да се придружат бидејќи танцот не е само за девојки туку за сите кои сакаат да уживаат во него без разлика на полот и возраста. Исто така, додаде дека овие натпревари на младите танчери и танчерки им овозможуваат да сфатат дека ни малку не е лесен патот до успехот на секое поле во живтот.
– Децата на овој пат учат како да го поминат сето тоа , да ги поминат тешките ситуации , како да продолжат понатаму , секогаш да работат повеќе на себе и да се победуваат самите себе , да ги ценат другите , да се радуваат како на својот така и на туѓиот успех , и секогаш да се стремат да бидат подобри, додаде Пајдакова.
За сето ова да се реализира, Пајдакова објаснува дека на вакви натпревари многу е значајна и финансиската поддршка.
-Сакам да упатам благодарност до Општина Велес кои и оваа година ни помогнаа околу превозот и се надеваме дека ги правиме сите горди и епитетот бренд на Велес ќе го задржиме и понатаму. Финансиската поддршка на вакви натпревари ни е многу важна бидејќи децата буквално си плаќаат се сами, од котизација за учество, превоз и сместување. Затоа апелирам и до приватните фирми да се заинтересираат малку околу овие мали уметници и да помогнат да продолжат со нивниот успех, бидејќи во Анабела постојат многу талентирани деца кои поради финансиски причини не можат да присуствуваат на вакви големи натпревари.Најголемата благодарност до нашите родители, кои максимално не поддржуваат и финансиски и емоционално, сите оние кои доаѓаат на натпреварите помагаат за шминка, фризури не се гледа ова е мое, твое дете сите се едно. Таа помош за нас е многу важна, додаде Пајдакова.
Кореографиите со коишто се претставуваа анабелките на натпреварот во Сараево се подготвени од страна на Цеца Пајдакова заедно со девојките Дора, Кристина и Мартина коишто се кореографи и инструктори и долгогодишни членови во студиото „Анабела“ или како што ги нарекува Пајдакова „моја десна рака“.
Анабелките продолжуваат понатаму со голем број на фестивали и натпревари. Првиот е сега на 30 март, „Денс фест“ во Гевгелија, потоа априлијада, на 7 април се повторно на Меѓународен натпревар DIAMOND кој ќе се одржи во Хотел Мериот во Скопје, на 25 април ќе имаат мини концерт по повод Светскиот ден на танцот додека на 27 април ќе учествуваат на „Денс фест“ Куманово.
Исто така, како единствени преставници од Македонија ќе учествуваат и на Меѓународниот детски карневал во Херцег Нови и на Меѓународниот натпревар Balkan dance unity во Соко Бања.
Стефани Манева