• среда, 24 април 2024

Сунак му рекол на Нетанјаху дека регионална ескалација не е „во ничиј интерес“

Сунак му рекол на Нетанјаху дека регионална ескалација не е „во ничиј интерес“

Лондон, 16 април 2024 (МИА) – Британскиот премиер Риши Сунак во телефонски разговор му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека ескалација на Блискиот Исток не е во ничиј интерес.

- Претходно денеска разговарав со премиерот Нетанјаху и ја повторивме нашата поддршка за безбедноста на Израел по непромислениот напад на Иран изминатиот викенд. Понатамошна значајна ескалација само ќе ја продлабочи нестабилноста во регионот. Ова е момент за да надвладеат мирни глави, напиша Сунак на Х.

Сунак истакна дека значајна ескалација не е во ничиј интерес и само ќе ја продлабочи несигурноста на Блискиот Исток, соопшти кабинетот на Сунак.

Портпаролот на кабинетот на израелскиот премиер потврди дека двајцата лидери разговарале и рече дека Нетанјаху му се заблагодарил на Сунак за поддршката на Израел. јт/

Остани поврзан