Нибо: Било кој друг тим во вакви услови ќе се распаднеше, а ние ќе ја освоиме Евролигата

Со натпреварот помеѓу Панатинаикос и Макаби Тел Авив од 19 часот и 30 минути денеска офицјално ќе започне разигрувањето за место на финалниот турнир на Евролигата.

Во пресрет средбата во Атина за медиумите говореше еден од најдобрите кошаркари на израелскиот тим, Џош Нибо кој верува дека тешката сезона на Макаби во која тимот настапуваше во Белград, а не во Тел Авив поради војната со Палестина донела неверојатна тимска хемија која ги прави и фаворит за шампионската титула.

„Многу сум горд на тоа што го направивме оваа сезона. Ова е најтешката и најпредизвикувачката сезона која сум ја имал во кариерата. Тоа што стигнавме до плеј-фот е успех сам по себе со оглед на компетентноста на првенството. Тоа го направивме поради единството кое го имаме бидејќи лесно можеше тимот да се распадне во вакви услови. Лесно беше за играчите да се откажат, да заминат, но овој тим е поинаков. Верувам дека било кој друг тим ќе се рападнеше и верувам дека можеме да ја освоиме Евролигата. Ако го направиме тоа ќе биде нешто неверојатно“, вели Нибо.

Се вчитува...