Мексиканскиот тим Пачука ќе се бори против Реал Мадрид за трофејот во Интерконтиненталниот куп. Пачука денеска по пенали го елиминираше Ал Ахли во полуфиналето од ова натпреварување.
Во регуларниот дел беше 0-0, па и во продолежнијата, по што се премина на изведување на пенали.
Таму лошо почна Пачука, со два промашени пенали, и две реализации за Ал Ахли. Мешутоа потоа во финишот два промашени пенали за Ал Ахли, и сите реализации за Пачука за израмнет резултат по петтата серија.
Одлучувачкиот миг се случи во осмата серија кога Пачука погоди, а играчот на Ал Ахли промаши, по што големото славје можеше да почне.
Финалето е на програмата 18. декември во Катар на стадионот Лусаил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА